Охридско макало со лук
Во кошничка имате 0 парчиња.
Овој деликатес е традиционален за Охридскиот регион, но баш во макалото од Папас фуд ќе го пронајдете вистинскиот автентичен и богат вкус. Во ова макало се користи исклучиво македонски лук, па така и производството на макалото е тесно врзано и со периодот кога вирее оваа сорта на лук.
Инаку макалото на Папас фуд е направено само од 4 состојки – Македонски лук, сончогледово масло, вински оцет и сол, состојките се совршено избалансирани и така е добиен вкусот по кој ова макало е препознатливо.
Макалото се прави исто како што се правело и пред стотици години од луѓето кои живееле во Трпејца и нејзината околина. Покрај одличниот вкус и хранливата вредност, макалото важи и за заштитник на вашиот имунитет и храна која ќе се погрижи за вашето здравје.
Охридското макало можете да го вкусите намачкано на тазе потпечено лепче, со риба, охридски губи и тарана, со тестенини, но секако ќе оставиме и неколку комбинации да направи и вашата имагинација.
| Наименување |
Макало од лук
|
| Земја на потекло: |
Македонија
|
| Состојки |
Лук, вински оцет, сончогледово масло, сол
|
| Тежина: |
180 гр
|
| Пакување: |
Тегла
|
| Начин на чување |
Суво и темно место, на температура до 24 степени
|
| Рок на траење |
Испечатен на амбалажата
|
| Нутритивна вредност во |
100 гр
|
| Енергетска вредност |
331,4 kcal
|
| Масти |
30,9 гр
|
| Јаглехидрати |
8,64 гр
|
| Протеини |
1,7 гр
|
| Сол: |
0,45 гр
|