×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Oхридско макало со лук и ореви

Во кошничка имате 0 парчиња.
  • 183 ден.

Охридското макало е традиционален рецепт за овие краишта. Но, низ годините неговиот вкус постојано е менуван и збогатуван. На овој начин е направен и рецептот на охридското макало со лук и ореви. Макалото е создадено само од 5 состојки – македонски лук, сончогледово масло, вински оцет и морска сол, состојките се совршено избалансирани и така е добиен препознатливиот вкус на макалото, со ноти на оревчиња.

Макалото се прави исто како што се правело и пред стотици години од луѓето кои живееле во Трпејца и нејзината околина, со тоа што на ова макло се додадени и органски ореви, кои растат во селото Косел од истиот регион. Макалото со ореви можете да го вкусите намачкано на тазе потпечено лепче, со риба, охридски губи и тарана, со тестенини, но секако ќе оставиме и неколку комбинации да направи и вашата имагинација. 

Наименување Mакало од лук и ореви
Земја на потекло: Македонија
Состојки лук, вински оцет, сончогледово масло, морса сол и ореви
Тежина: 180 гр
Пакување: Тегла
Начин на чување Суво и темно место, на температура до 24 степени
Рок на траење Испечатен на амбалажата
Енергетска вредност 331,4 kcal
Масти 30,9 гр
Јаглехидрати 8,64 гр
Протеини 1,7 гр
Сол: 0,45 гр
Одлично во комбинација со:

Слични производи