×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Препорачано од Влатко Тоцка

Продавницата на Владо Тоцка е добро познато место во Скопје за сите љубители на млечни производи. Тука се наоѓаат највкусните сирења и кашкавали од цела Македонија, автентичниот вкус на нашата земја буквално е собран на едно место. Затоа , ние од Домато, решивме Влатко да го ангажираме како наш селектор на сирење икашкавал. Влатко Тоцка, како вистински познавач и селектор на сирење и кашкавали работи со голема посветеност и љубов од далечната 93-та година. Секоја пита кашкавал, секое парче или канта сирење во овие 28 години, поминала низ неговата ригорозна селекција и затоа кај него се наоѓаат само најдобрите и најквалитетните млечни производи од земјава. Влатко Тоцка има сопствена мрежа на мали производители на сирење и кашкавали низ цела Македонија, лично се знае со секој од сопствениците и се грижи во неговата продавница да дојдат само најдобрите калапчиња или пити од овие млечни производи. Влатко Тоцка не снабдува со полномасни и поинтензивни сирења од малешевскиот регион, мавровскиот и целиот регион од западна Македонија, но и посуви сирења кои доаѓаат од кумановскиот, кривопаланечкиот, битолскиот и прилепскиот регион, како и кашкавали кои се специјално зреени од 6 до 12 месеци специјално за него и тој гарантира за нивниот висок квалитет и автентичен традиционален македонски вкус