Доколку сте подзаборавиле каков е вкусот на традиционален кајмак, тогаш Влатко Тоцкаго има направено вистинскиот избор за вас. Мек и кремаст, со богат благ вкус, кајмакот избран од Тоцка содржи и висок процент на млечни масти и хранливи материи кои се погодни за телото и вашето здравје. Тој се произведува во ридските делови на Балканот, а се добива со ферментација на млечната маст издвоена при споро вриење на сирово кравјо млеко.
Кајмакот е дел од традиционалната кујна на балканските земји, и се смета за деликатес кој лесно го збогатува секое јадење. Со него можете да експериментирате, да го комбинирате со што ќе ви текне и да ги пробувате најразличните вкусови кои тој ќе ви ги создаде. Уживајте во овој мек балкански специјалитет.
Производител:
Млекара Росица
Наименување
Традиционален кајмак
Состојки
Млеко, сол макс. 2%
Земја на потекло:
Србија
Пакување
Пластична кеса
Рок на траење
Испечатен на амбалажата
Начин на чување
Да се чува во фрижидер на температура од 1 - 8 °C.
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Прочитај повеќе