×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Велигденското јајце е потсетник за нова надеж, нов живот, плодност и изобилство.

Оваа година обојте ги велигденските јајца во разновидни бои без употреба на хемикалии, со помош на кора од кромид, со цвекло, зелка, куркума, чај и многу повеќе.

Ефектот и интензитетот на боите варира во зависност од тоа колку е концентрирана бојата, каква боја се јајцата кои ги фарбате, колку долго и колку пати истите се потопени во бојата. 

Состојки:
• Неизлупени, тврдо варени, бели или кафени јајца, на собна температура, не свежи)
• Вода
• 1 чаша сечкана црвена зелка по чаша вода = сина боја на бели јајца, зелена на кафени јајца,
• 1 чаша лушпи од црвен кромид по чаша вода = јајца во боја на лаванда или црвени јајца,
• 1 чаша лушпи од бел кромид по чаша вода = портокалова боја на бели јајца,  црвено-кафена на кафени јајца,
• 1 чаша рендано цвекло по чаша вода = розова на бели јајца, кафеаво-црвена боја на кафени јајца,
• 2 лажици мелена куркума по чаша вода = жолти јајца,
• Додадете една лажица бел оцет во секоја чаша
(За десетина јајца, потребни се најмалку четири чаши обоена течност)
• Течно неутрално масло, за премачкување на обоените јајца

Постапка:
1. Додадете ја потребната количина вода во тенџере,

2. Додадете ја бојата (црвена зелка, лушпи од кромид итн.) варете до степен на вриење. Потоа намалете ја температурата  на минимум и динстајте, покриено, 15 до 30 минути.

3. Кога бојата е доволно темна, тргнете го садот од оган и оставете ја обоената течност да се излади на собна температура

 4. Процедете ја бојата преку ситна цедилка во друг сад,

5. Додадете оцет: измешајте го оцетот во бојата - користете 1 лажица оцет по чаша процедена течност.

6. Прелијте ги јајцата со изладената бојадисана вода (на собна температура).

7. Префрлете ги јајцата во боја во фрижидер и изладете ги додека не се постигне саканата боја.

8. Внимателно исушете ги јајцата, а потоа измасирајте ги со малку масло, со што ќе добијат сјај.

Природно вапцање јајца

 
парче (цца 300 гр)
89 ден.

Домато Newsletter

Стани дел од Домато заедницата и добиј 10% попуст на твојата прва нарачка.

Регистрирај се