×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




BABE

Laboratorios BABE нуди дермокозметички решенија за одржување на здравјето на кожата на бебињата, децата и возрасните. Формулите во производите се дерматолошки тестирани, високо толерантни за кожата и со висок фармацевтски квалитет. BABE нуди дермокозметички третмани за секој тип на кожа, дури и за оние со атопична кожа, кожа склона кон акни, розацеа, сува или високо сензитвна кожа.

Компанијата Laboratorios BABE е основана во 1994 година во Валенсија, Шпанија и од самиот почеток приоритетна мисија е грижата за здрава кожа. BABE има најсовремена технолошка база, што и овозможува на компанијата да понуди дермокозметика создадена преку современи иновативни технологии.

BABE портфолиото се состои од повеќе линии:

 Ø  Линија за тело (стандардна/сензитивна и атопична кожа)

 Ø  Линија за лице (стандардна/линија за масна кожа,кожа склона на акни/ HealthyAging + линија/раствори во ампули).

 Ø  Линија за коса (стандардна/против опаѓање)

 Ø  Линија за заштита од сонце (резистентна на вода, збогатена со активни состојки кои ја смируваат кожата и поседуваат висок антиоксидативен капацитет, со UVA и UVB; најсовремена Wet-Skin технологија)

 Ø  Педијатриска линија

 Производите на брендот BABE се карактеризираат по:

 - Присуство на масла исклучиво од растително потекло

 - Синдетски хигиенски производи

 - Висока толерантност на кожата

 - Адаптирана рН

 - Дерматолошки тестирани прозиводи

·         Педијатриската линија е дерматолошки и педијатриски тестирана, како и тестирана на атопична кожа.

·         Линијата за лице е не-комедогена, не-фотосензитивна и покрај дерматолошки е и офталмолошки тестирана.

·         Во линијата HealthyAging + има производи кои во својот состав содржат енкапсулиран ретинол и бакучол (аналог на ретинолот).