×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Веган протеински бар Сончоглед и Цимет

Во кошничка имате 0 парчиња.
  • 99 ден.

Процесот на изработка е внимателно создаден со цел состојките да ги задржат своите биолошки вредности, витамини, минерали, ензими и други хранливи состојки, а особено здравите растителни масти.

Природниот путер од сончоглед се смета за најдобар помеѓу растителните путери по своите здравствени својства, содржи голема количина на магнезиум, витамин - Е (50 мг/100 мг), притоа претставува неприкосниовен извор на минерали и витамин Б - комплекс.

Исто така ги содржи сите есенцијални аминокиселини, вклучувајќи ја Линолеинската киселина која е значајна за намалување на холестеролот во крвта.

Кога путерот од сончоглед го споивме со органски протеин изолат од грашок, кокосов нектар и цимет добивме исклучително хранлив и здрав оброк за да ги задоволи и најпребирливите нутриционистички барања.

Овој производ се подготвува исклучиво свеж, и како таков се испорачува до корисниците.

Се препорачува како оброк или меѓу оброк во секој дел од денот за сите лица, активни рекреативци и професионалци, како и за оние со голем психички напор.

Како и другите наши производи,  SUNBUTTER CINNAMON  е создаден од вистинска природна храна со строго контролирани и избрани состојки без конзерванси, додадени шеќери, глукозни сирупи, како и други вештачки вкусови, засладувачи и бои.

Наименување Протеински бар сончоглед и цимет
Состојки Сончоглед 55% Протеин од грашок Цимет 2% Ванила екстракт Хималајска сол Сончогледов лецитин Мед
Тежина: 50 гр
Земја на потекло: Македонија
Пакување Пластична кеса
Начин на чување Да се чува на суво, темно и ладно место
Рок на траење Втиснат на амбалажата
Нутритивна вредност во 50 гр
Енергетска вредност 241 kcal
Масти: 13 гр
Јаглехидрати 16,5 гр
од кои шеќери 11,5 гр
Протеини 15,5 гр
Одлично во комбинација со:

Домато Newsletter

Стани дел од Домато заедницата и добиј 10% попуст на твојата прва нарачка.

Регистрирај се