×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Бриош лепчиња (намирници)

Во кошничка имате 0 парчиња.
  • 750 ден.

Замислете вкус, пола солен, пола сладок… Мека и воздушеста текстура, и златна и крцкава кора. 

Ако веќе ви надојде апетитот, сфативте дека станува збор за Пан Бриош, мазни и меки лепчиња од француската кулинарска традиција. Датира од средниот век, а станал познат во аристократските кругови благодарејќи на кралицата Марија Антониета, која го обожавала во комбинација со слатки кремови и мармалади, но и во солена верзија со димен лосос, паштети и зеленчук.

Потребни состојки за 12 лепчиња:

Постапка:

 Млекото се загрева кратко да стане млако. Се додаваат квасецот и 
шеќерот, се промешуваат и се оставаат 5 мин да се активира квасецот.
 Во длабок сад се мешаат со жица брашното и солта за подеднакво да 
се распоредат.
 Се замесува меко тестото така што во млекото се додава постепено 
брашното. Откако ќе се соединат се додаваат путерот и јајцето. Тестото 
се меси минимум 10 минути додека не се добие мазна топка.
 Доколку има потреба при месење се додава брашно, минимално 
потребно за да може да се работи со него но не треба да се претера за да 
не се наруши хидрацијата.
 Тестото се остава да кисне најмалку 1 час на топло место и покриено со 
фолија или крпа.
 Од нараснатото тесто се формираат 12 топчиња од по 75-80гр, се 
распоредуваат во правоаголно тавче обложено со хартија/масло и се 
оставаат да нараснат уште 30ина минути покриени со намрсена фолија 
или хартија. Ако не се покријат ќе се засушат.
 Рерната се загрева на 190°C, a за тоа време лепчињата се премачкуваат 
со јајце и се наросуваат со семиња по избор.
 Се печат 25-30мин, додека не заруменат.

Бриош лепчиња (намирници) се состои од:

Наименување Намирници за подготовка на Бриош лепчиња
Количина 28 лепчиња

Слични производи