Крцкав октопод со пире од морков
Во кошничка имате 0 парчиња.
Состојки:
1. 1 кг свеж октопод
2. 0.5 кг моркови
3. 300 гр леќа
4. 1 главица кромид
5. 1 чешне лук
6. цимет стапчиња
7. 1 китка млад кромид
Зачини:
1. сол
2. бибер
3. маслиново масло
4. мајчина душичка
5. ловоров лист
6. оцет
Постапка:
Октоподот се вари 2 часа во вода, сол, ловоров лист, тапа од вино и малку оцет.
Морковите се варат со стапче цимет и главица кромид. Потоа се блендираат и се зачинуваат со сол, бибер и малку цимет во прав (или рендано стапче цимет).
Леќата се вари со малку кромид.
Октоподот се сецка и пропржува со маслиново, лук и мајчина душичка.
Се сервира во тањир неколку лажици леќа, до неа пирето од морков и одозгора се става крцкавиот октопод. Се наросува со ситно сецкани перца од кромид.
Погледнете го видео рецептот тука.
Крцкав октопод со пире од морков се состои од:
Наименување |
Пакет намирници за подготовка на Крцкав октопод со пире од моркови
|
Количина |
4 оброци
|