×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Божиќни колачиња (намирници)

Во кошничка имате 0 парчиња.
  • 890 ден.

Оваа здрава варијнта на божиќни колачиња е одлична закуска за празничните денови, чија подготовка ќе биде забавна активност за целото семејство.

Освен што е основна потреба, храната е и начин на комуникација, грижа и прослава на заедничкото време со семејството. Вклучувањето на најмалите во самото готвење многу позитивно влијае на нивното емотивно здравје, нивните навики во иднина и во вакви моменти создаваат најрани спомени. 

Потребни состојки:

* 60 гр несолен путер на собна температура
* 2 јајца
* 5 чаши брашно Alce Nero (1 чаша е 120-140 гр)
* 1 чаша нерафиниран шеќер Alce Nero
* 2 супени лажици мед (можете да го нарачате одделно тука)
* 2 лажици густин (опционално)
* 2 лажички цимет
* 2 лажички ѓумбир во прав
* 1 лажичка ванила екстракт (опционално)

Постапка:

Во длабок сад ги матите путерот и шеќерот и кога се соединети го додавате медот. Следно ги додавате јајцата и густинот, па постепено го додавате брашното и зачините. На крај смесата ја формирате во 2-3 топчиња, кои ги рассукувате помеѓу 2 слоја хартија за печење во дебелина од половина цм. Правите форми и ставате да се печат во загреана рерна на 180 степени околу 15 мин. Кога колачињата ќе се оладат можете да ги издекорирате со темно чоколадо. Траат неколку денови и стануваат се помеки и повкусни.



Божиќни колачиња (намирници) се состои од:

Наименување Намирници за подготовка на божиќни колачиња
Количина за 2 дози
Нутритивна вредност во 1 доза
Енергетска вредност 3700 Kcal
Јаглехидрати 710 гр
од кои шеќери 229 гр
Протеини 77 гр
Масти 64 гр
од кои заситени 34 гр
Влакна 19 гр

Слични производи

Домато Newsletter

Стани дел од Домато заедницата и добиј 10% попуст на твојата прва нарачка.

Регистрирај се