Зреена пршута
Во кошничка имате 0 гр.
Се смета за “принц“ на италијанските деликатеси. Пршутата е производ што се добива од избран свински бут, кој потекнува од животни со тежина од 160 до 180 кг. (т.н. “тешки свињи“). Обликот е издолжен, во облик на круша, додека бојата во внатрешноста на шунката е розова, еднобојна, обвиена со мрснотија. Мирисот е неверојатен, вкусот е малку солен, нежен и ароматичен.
Како се произведува пршута?
Свински бут, сол, време - ова се единствените состојки кои се користат при преработката на пршутата. По селекцијата, бутовите (со тежина од 9,5 до 14 кг.) се масираат подолго време со сол; потоа, по одреден период на одмор, се мијат, четкаат, сушат, проверуваат дали имаат недостатоци и се оставаат да се исушат на температура што не смее да надмине 15 °C. Потоа започнува долго и бавно зреење на бутовите од 8 до 16 месеци, во соодветни и контролирани простории, каде пршутите се закачуваат на специјални сталажи: овој процес ѝ овозможува на пршутата да ги добие оние органолептички карактеристики што ја прават славна низ целиот свет. За време на зреењето, пршутата се премачкува со маст, поконкретно деловите од месо околу коската кои се изложени на воздух, што спречува пршутата пребрзо да се исуши. Во свинската маст, освен сол и бибер може да се додадаваат и други состојки и зачини во зависност од обичаите и традицијата на подготовка на пршутата.
| Производител |
Industriа Salumi Simonini S.p.A
|
| Наименување |
Зреена пршута
|
| Состојки |
Свинско месо, сол
|
| Земја на потекло: |
Италија
|
| Пакување |
Хартиена кеса
|
| Рок на траење |
Испечатен на амбалажата
|
| Начин на чување |
Да се чува во фрижидер на темература до 10°C
|
| Нутритивна вредност во |
100гр
|
| Енергетска вредност |
957 kJ / 229Kcal
|
| Масти |
13гр
|
| од кои заситени |
4,4гр
|
| Јаглехидрати |
0,5гр
|
| од кои шеќери |
0гр
|
| Протеини |
28гр
|
| Сол |
5,7гр
|
| Количина |
цена на кг
|