Кајзерица натурал
Во кошничка имате 0 парчиња.
Кајзерици! Кога ќе чуете за нив сигурно ќе се запрашате што точно претставуваат тие, а вистинскиот одговор ќе го добиете буквално со само еден гриз. Овие мини лепчиња се направени од пченично брашно и однадвор имаат интересна крцкава кора, додека пак однатре се одликуваат со мека средина, па затоа и кога ќе ги пробате ќе имате чувство како да грицкате бели нежни облачиња.
Кајзериците се идеални за појадоци, бидејќи од нив многу лесно можете да направите најразлични видови на сендвичи или пак едноставно да ги намачкате со намази, џемови или некои традиционални јадења како ајвар, пинџур или лутеница. Едноставно кажано, добро е да имате кајзерици, бидејќи секогаш ќе им најдете место во вашиот појадок.
Наименување |
Кајзерица натурал
|
Состојки |
ПЧЕНИЧНО брашно, вода, квасец, сол, глутен (ПЧЕНИЦА)
|
Тежина: |
60 гр
|
Земја на потекло: |
Македонија
|
Пакување |
Хартиена кеса
|
Алергени |
Може да содржи траги од јајца, зрна од соја, млеко, јаткасти плодови и сусам
|
Одлично во комбинација со:
Во кошничка имате 0 парчиња.