×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Свежа туна жолтоперка

Во кошничка имате 0 парчиња.
  • 420 ден.

Туната се вбројува во најбараните и најпознатите сини риби. Туните сочинуваат петнаесет видови од семејството на морски риби Тунини. Од нив, осум се сметаат за „вистински туни“: пет видови сини перки и три вида жолти перки, сите припаѓаат на родот Thunnus. Овој вид спаѓа во крупни риби чија должина на телото достигнува помеѓу еден до два метри, односно максимална должина од 4 м. и телесна тежина помеѓу 600 до 800 кг. Најчеста ловна тежина е помеѓу 10 до 15 кг.

Тие се меѓу единствените делумно топлокрвни риби на Земјата. Додека повеќето риби се целосно ладнокрвни и имаат телесна температура што одговара на водата околу нив, некои видови туни ја развиле способноста привремено да ги загреваат нивните пливачки мускули, овозможувајќи им да пливаат со голема брзина и да мигрираат од топла во студена вода.

 Туната е широко распространет вид риба кој се среќава во Тихиот Океан, Атланскиот Океан, Средоземно Море, Црно Море, Јадранско Море, Егејско море, се мрести во пролетните месеци.

 Овој вид на риба има исклучително меко и квалитетно месо доста ценето и барано од страна на потрошувачите. Најчеста понуда на светскиот пазар е во свежа состојба, длабокосмрзната или преработена, односно конзервирана.

За прв пат туната беше конзервирана во 1903 година и сега е веројатно најпопуларната риба законзервирање.

 Енергетска вредност на 100 гр месо свежа туна изнесува 452 kJ / 108 kcal, 23% протеини, 0,9% масти. Исто така содржи калиум, фосфор, магнезиум, селен, калциум, цинк, бакар, манган. Од витамини содржи B комплекс – кој ги содржи сите групи на B витамини како и витамин E. 

Туната, заедно со лососот и уште неколку видови морски риби се најконсумираните видови риба ширум светот.

Наименување Туна филети
Начин на чување Да се чува во фрижидер на темература од 2 - 6 °C и да се конзумира во 2 - 3 дена
Количина парче (цца 350 гр)
Одлично во комбинација со:

Слични производи

 
парче (цца 350 гр)
630 ден.