Свеж октопод
Во кошничка имате 0 гр.
Овој мекотел се карактеризира со осум екстремитети и е групиран заедно со лигњите и сипите. Конзумиран сиров, октоподот има вкус на море – солено и слатко во исто време. Кога е правилно подготвен, Октоподот има и суптилни навестувања на сладост. Неговиот вкус и текстура понекогаш може да имаат сличности со пилешко, ракчиња, па дури и јастог поради деликатната природа на неговото месо, но тој сепак ја задржува својата мазна и лигава текстура.
Месото од октопод е навистина корисно за човекот, содржи голем број на протеини, а само 10 % маснотии, содржи и Б витамини, каротин и витамин К. Поради високата нутритивна вредност, а ниската калорична вредност, октоподот често се употребува од луѓе кои се спортски активни и оние кои внимаваат на сопствената линија.
Октоподот можете да го готвите на различни начини, печен, пржен или варен. Тој освен како главно јадење најчесто се додава и во супи, заедно со други морски плодови, се комбинира со зеленчук, мешунки или ориз.
Наименување |
Октопод
|
Земја на потекло |
Грција
|
Начин на чување |
Да се чува во фрижидер од 0 - 6 степени. Може да се замрзне, свежа риба.
|
Количина |
цена на кг
|
Напомена |
Тежината може да варира ± 10 %.
|
Одлично во комбинација со: