×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Паг овчи кашкавал

Во кошничка имате 0 парчиња.
  • 1,280 ден.

Паг овчиот кашкавал е вистински предизвик за вашите сетила. Направен е од 100% природно овчо млеко, сирило и сол, а тоа се нашите три, и не толку тајни состојки. Но, тоа што го прави единствен и уникатен е неговата подготовка. Тој се остава да зрее од 3 до 12 месеци, по што се добива вкусот кој е препознатлив низ целиот свет. Овој кашкавал создаден е од најдобрите „занаетчии за сирење“, па затоа и беше прогласен за најдобар овчи кашкавал во светот на Global Cheese Awards саемот, во Сомерсет, Англија во 2017 година.

Спротивно на широко распространетите верувања, јадењето кашкавал во умерени количини претставува одличен извор на протеини, калциум и фосфор. Плус овчиот кашкавал содржи натриум кој помага во одржување на совршен баланс и здравје во вашиот организам. Некои студии пак потврдуваат и дека доколку изедете едно парче 30 минути пред спиење, ќе имате многу подобар сон. Оваа може и да ви стане практика, откако ќе го нарачате и пробате Паг овчиот кашкавал.

Наименување Паг овчи кашкавал
Земја на потекло: Македонија
Рок на траење: Датумот е означен на амбалажата
Начин на чување Да се чува во фрижидер на температура од 2 - 8 °C
Количина цена на кг
Одлично во комбинација со:

Слични производи