×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Интегрален ориз

Во кошничка имате 0 парчиња.
  • 71 ден.

Оризот е незаменлив дел од секојдневната исхрана на луѓето. Често голем дел од нас се прашуваат што е подобро да се консумира, бел или интегрален ориз? Одговорот на ова прашање лежи кај интегралниот ориз, бидејќи за разлика од него, белиот поминува низ повеќе степени на рафинирање и процесирање, па затоа само интегралниот ориз може да се смета за полнозрнеста храна.

Интегралниот ориз има висока нутритивна вредност, што го прави хранлив, а со низок број на калории. Тој е богат извор на антиоксиданти, Б витамини и минерали. Знаејќи дека оваа намирница содржи повеќе калиум и фосфор, тој не се препорачува во големи количини за луѓе кои имаат проблеми со бубрезите. Затоа доколку се соочувате со ваков проблем, ќе морате да бидете повнимателни. Но, затоа тој е одличен за контрола и варење на храната, бидејќи во него има големи количества на растителни влакна. А, со тоа што содржи мали количества на заситени масти, го прави одличен за регулирање на холестеролот и подобро работење на срцето.

Употреба: Се додава во чорби, во варива, се користи наместо бел ориз. Да се вари додека не омекне.

Наименување: Интегрален ориз
Состојки: Интегрален ориз
Тежина: 500 гр
Земја на потекло: Македонија
Пакување: Кеса
Рок на траење: Датумот е означен на амбалажата
Начин на чување: Да се чува на суво место
Нутритивна вредност во 100 гр
Енергетска вредност 361 kcal
Масти: 2,2 гр
од кои заситени: 0,4 гр
Јаглехидрати: 75 гр
од кои шеќери: 2,5 гр
Протеини: 7,5 гр
Влакна: 4 гр
Одлично во комбинација со:

Слични производи