Мешано мелено месо
Во кошничка имате 0 гр.
Меленото месо е една од најупотребуваните “месни” состојки во исхраната. Од него се прават плескавици, бургери, ќофтиња, уштипци, но се користи и како состојка во голем број традиционални рецепти – како што е сармата, мусаката и полнетите пиперки.
Мешаното мелено месо е добиено од 30 % свинско и 70 % јунешко месо. При неговата обработка, тоа се меле 2 пати, за да се добие посакуваната мекост и нежност во која вие можете да уживате.
Месото кое се користи во овој производ е добиено од домашни животни, кои што се одгледувани од македонски сточари, а се пасени на најприродните пасишта во земјата. Тие се внимателно избрани, а нивното производство е строго контролирано и надгледувано. Месото кое ние ви го носиме е секогаш свежо и со врвен квалитет.
| Наименување |
Мешано мелено месо
|
| Состојки |
70% јунешко 30 % свинско месо
|
| Количина |
цена на кг
|