×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Органски пченкарен гриз

Во кошничка имате 0 парчиња.
  • 157 ден.

Пченкарниот гриз претставува здрав, натурален и органски продукт, кој ќе има позитивно влијание врз вашиот организам. Создаден од природно одгледувана пченка, гризот е полн со влакна и други растителни компоненти, кои го прават многу погоден за дигестивниот тракт, и лесно сварлив за организмот. Покрај ова, во пченкарниот гриз присутен е и фосфорот, кој е корисен за нервниот систем, а пак витамините Б5 и Б1 во него, помагаат во елиминирање на депресивната состојба и се одлична превенција за невралгични болести.

Пченкарниот гриз може да се користи за подготовка на широк спектар на јадења – супи, тортиљи, главни јадења, па дури и десерти. Доколку патуваме од кујна во кујна, ќе откриваме различни рецепти. Па така на пример во италијанската се готви како палента, во молдавската се прави мамалига, а од грузиската ни доаѓаат гомите. Сепак и покрај тоа што постојат многу начини на подготовка, таа знае да биде доста специфична за правење, пред сѐ поради тоа што често знае да загори или да се создадат грутки. Затоа треба да се внимава при незјината подготовка.

Употреба: Во зачинета и засолена вода која врие се додава пченкарен гриз и се вари со постојано мешање додека да омекне.

Наименување: Органски пченкарен гриз
Состојки: Органски пченкарен гриз
Тежина: 500 гр
Земја на потекло: Италија
Пакување: Кеса
Рок на траење: Датумот е означен на амбалажата
Начин на чување: Да се чува на суво и ладно место, во добро затворено пакување
Нутритивна вредност во 100 гр
Енергетска вредност 355 kcal / 1454 kЈ
Масти: 3,86 гр
од кои заситени: 0,54 гр
Јаглехидрати: 69 гр
од кои шеќери: 0,64 гр
Протеини: 6,9 гр
Сол: 0,16 гр
Влакна: 7,3 гр
Алергени: Може да содржи траги од глутен
Одлично во комбинација со:

Слични производи