Зелени пиперки Камелеон
Во кошничка имате 0 гр.
Пиперката е едногодишно зеленчуково растение. Може да има благ или лут вкус и се употребува за исхрана во свежа, готвена и преработена форма. Можете да ја употребите во вид на зачин, ајвар, конзевирана во туршија итн. Потекнува од Јужна Америка, од каде што е распространета ширум светот, а особено застапена и во Македонија.
Својства и придобивки на зелената пиперка:
Зелена пиперка претставува растение што се користи доста во готвењето, пред сè во нашата традиционална кујна. Содржи трипати повеќе витамин Ц отколку цитрусното овошје, затоа се препорачува да се консумира свежа. Зелената пиперка изобилува со витамин А, К и Б6, како и минерали калиум, магнезиум, манган и бакар. Совршена е за одржување на pH вредноста во организмот. Затоа може да се каже дека претставува неопходна состојка во подготовка на разни јадења во нашата, но и во интернационалните кујни.
| Наименување |
Зелени пиперки
|
| Количина |
цена на кг
|
| Состојки |
Пипер
|
| Земја на потекло: |
Македонија
|
| Пакување |
Хартиена кеса
|