×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Осоговски овчи кашкавал

Во кошничка имате 0 парчиња.
  • 725 ден.
  • 653 ден.

Овој овчи кашкавал е создаден по традиционален рецепт пренесуван низ поколенијата. Се прави од одбрано овчо млеко, кое потекнува од овци кои се хранат од недопрената природа на Осоговието.

Тоа што е карактеристично за овој полномасен кашкавал е што има зеленикаво - жолта боја, препознатлива арома и богат вкус кој ги задоволува вкусовите и на најпребирливите.

Ферментација на кашкавалот се прави во строго контролирани простории, а кај Влатко Тоцка, тој е зреен меѓу 6 и 12 месеци.

Во овчиот кашкавал се кријат и голем број здравствени придобивки. По консумација на кашкавал, метаболизмот се забрзува и помага при намалување на телесната тежина, а од друга страна влијае и благотворно на работата на срцето.

Наша препорака за овој кашкавал е да го користите свеж, како мезе со некое вкусно македонско вино.

Производител: Алпина Деј
Наименување Кашкавал од пастеризирано овчо млеко
Состојки Овчо млеко, сол 2%
Земја на потекло: Македонија
Пакување Пластична кеса
Начин на чување Да се чува на +6 ° C
Нутритивна вредност во 100 гр
Енергетска вредност 1777 kJ / 424 kcal
Масти 32,00%
Јаглехидрати 1,8%
Протеини 29,10%
Количина цена на кг
Алергени 100% млеко
Одлично во комбинација со:

Слични производи