×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Органски Азуки грав

Во кошничка имате 0 парчиња.
  • 292 ден.

Со потекло од источна Азија и од Хималаите, органскиот Азуки грав претставува едно ориентално искуство коешто заслужува да биде вкусено. Иако го има во различни бои, црвениот азуки грав е најпознат и најконсумиран. Азуки гравот важи за состојка која нуди многу позитивни бенефити за вашето здравје, вклучувајќи го здравјето на срцето, лесен е за вашиот стомак, односно помага при варењето на храната и воедно влијае и врз губењето на тежината.

Со консумирање на само 100 грама од органскиот Азуки грав на Био Космос, ќе ги задовлите потребите за манган, фолна киселина, железо, магнезиум, фосфор и голем број на Б витамини.

Инаку азуки грав се подготвува слично како и обичниот грав, а доколку сакате да го варите помалку време едноставно оставете го да отстои во вода преку ноќ. Од водата, зрната ќе омекнат, при што ќе ви биде потребно помалку време за варење. Нарачајте го азуки гравот и уживајте во сета негова убавина.

Употреба: Азуки се става во ладна вода и се остава да откисне 10 - 12 часа. Потоа се вари 40 - 50 минути или додека да омекне. Се служи како прилог на зеленчукови јадења, со ориз или како вариво.

Наименување: Органски азуки грав
Тежина: 500 гр
Состојки: Органски азуки грав
Земја на потекло: Кина
Пакување: Кеса
Начин на чување: Да се чува на суво и ладно место, во добро затворено пакување
Рок на траење: Датумот е означен на амбалажата
Нутритивна вредност во 100 гр
Енергетска вредност 304 kcal / 1139 kJ
Масти: 0,5 гр
од кои заситени: 0 гр
Јаглехидрати: 33 гр
од кои шеќери: 0 гр
Протеини: 17 гр
Сол: 0,08 гр
Влакна: 14 гр
Алергени: Можна е крос-контаминација со глутен
Одлично во комбинација со:

Слични производи