×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Тестенини од тврда пченица Фусили

Во кошничка имате 0 парчиња.
  • 126 ден.
  • 101 ден.

Тестенините Фусили (се изговара Фузили) се карактеристични за јужниот дел на Италија. Овие тестенини имаат долга традиција на производство. Се прават рачно, а нивниот рецепт се пренесува од генерации на генерации веќе стотина години. Техниката на нивното правење е навистина интересна. Имено тестото се витка околу игли за шиење и затоа и нивниот изглед потсетува на вретено, а и самото име Фусили значи спирала, односно ротација. Нивната форма е доста карактеристечна и привлечна, поготово за децата кои во нив наоѓаат забава и уживаат во јадењето. Овој вкусен деликатес е направен од 100 % италијанско воденично брашно од тврда пченица, кај нив е впечатлива и нивната груба структура, која е резултат на подготовката во бронзени калапи. Оваа структура на тестенините овозможува полесно да се задржуваат сосовите кои го збогатуваат вкусот во кој вие уживате. 

Наименување Тестенини од воденично мелено брашно од тврда пченица
Состојки 100% брашно од тврда пченица
Тежина: 500 гр
Земја на потекло: Италија
Пакување Пластична кеса за храна
Рок на траење Испечатен на амбалажата
Начин на чување: Да се чува на суво и темно место
Енергетска вредност 1489 kcal
Масти: 1 гр
од кои заситени: 0,3 гр
Јаглехидрати 70 гр
Протеини: 14 гр
Сол: 0,02 гр
Влакна 3 гр
Алергени Глутен
Одлично во комбинација со:

Домато Newsletter

Стани дел од Домато заедницата и добиј 10% попуст на твојата прва нарачка.

Регистрирај се