Тарана
Во кошничка имате 0 парчиња.
Тараната е традиционална тестенина во македонската кујна. Тараната на Душогупчани е посебна и позната бидејќи е направена на домашен старински начин. Во Душогупчани тараната се подготвува по традиционалниот рецепт на баба Ане: брашно, јајца, млеко и сол.
Оваа тестенина се подготвува многу едноставно и брзо. Во зовриена солена вода ја додавате тараната и за 20 мин веќе ја имате на вашата трпеза, по желба може да додадете путер или масло и секако трошки од убаво сирење. Се користи и како додаток во чорби.
Таа е идеален хранлив оброк за целото семејство, а посебно за најмалите.
| Наименување |
Тарана
|
| Состојки |
Млеко, јајца, брашно и сол
|
| Тежина |
1кг
|
| Земја на потекло: |
Македонија
|
| Пакување |
Пластична кутија
|
| Рок на траење |
Испечатен на амбалажата
|
| Начин на чување: |
Да се чува на суво и ладно место
|