Тестенини од тврда пченица Лингуине
Во кошничка имате 0 парчиња.
Тестенините Лингуине се прават од 100 % италијанско воденично брашно од тврда пченица, кое има жолто - килибарна боја и конзистентност на зрната, што ги прави автентични за регионот од кој потекнуваат. Пченицата од која се прави брашното се меле во воденици на камен, а резултат на ова е полн вкус на тестенини со високи нутритивни вредности. Инаку рецептот за нивната подготовка е непроменет веќе 4 генерации. Лингиуните спаѓаат во истото семејство како и шпагетите, но не се шпагети. Тие се разликуваат по тоа што во нивната основа се рамни, наместо да се цилиндрични како шпагетите. Во суштина тоа се шпагети со правоаголен пресек по средината. Инаку како и останатите производи на Ла Молисана и лингуините се правени во бронзени калапи, што значи дека имаат погруба структура која лесно ги задржува зачините и сосовите. Овие тестенини одлично одат со морска храна, јастог, лигњи, ракчиња и школки, потопени со лимон.
| Наименување |
Тестенини од воденично мелено брашно од тврда пченица
|
| Состојки |
100% брашно од тврда пченица
|
| Тежина: |
500 гр
|
| Земја на потекло: |
Италија
|
| Пакување |
Пластична кеса за храна
|
| Рок на траење |
Испечатен на амбалажата
|
| Начин на чување: |
Да се чува на суво и темно место
|
| Енергетска вредност |
1489 kcal
|
| Масти: |
1 гр
|
| од кои заситени: |
0,3 гр
|
| Јаглехидрати |
70 гр
|
| Протеини: |
14 гр
|
| Сол: |
0,02 гр
|
| Влакна |
3 гр
|
| Алергени |
Глутен
|