×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Рустичен полубагет со хељда и кисело тесто

Во кошничка имате 0 парчиња.
  • 42 ден.

Киселото тесто претставува вистинско олеснување за целиот дигестивен систем. А со консумација на ова тесто, повеќе никогаш нема да ви биде тешко на стомакот по изедено парче леб. Инаку киселото тесто претставува еден од првите начини по кои некогаш се правел лебот. Карактеристично за него е што наместо квасец, за подигнување на тестото се користат само природни состојки. Односно во целиот процес помагаат бактериите, кои работат исто како и оние кои се наоѓаат во ферментираната храна.

Лебот направен од киселото тесто се смета за далеку поздрав од белиот леб, а тоа е така бидејќи процесот на ферментација ја намалува содржината на глутен, па затоа и претставува супер храна за сите кои се нетолерантни на оваа состојка. Ако веќе сте решиле да готвите со киселото тесто, тогаш е важно да знаете и дека откако ќе го направите лебот, најдобро е да го оставите да отстои еден ден, на тој начин истиот добива многу подобар вкус.

Наименување Рустичен полубагет со хељда и кисело тесто
Состојки ПЧЕНИЧНО брашно, вода, ‘РЖАНО брашно, ленено семе, хељда, ПЧЕНИЦА-ЈАЧМЕН кисело тесто, кршен ЈАЧМЕН, трици (ПЧЕНИЦА), сол, пченкарно брашно, семки од сончоглед, ОВЕСНИ снегулки, шеќер, сол, СУСАМ, ‘РЖАНО кисело тесто
Тежина 130 гр
Земја на потекло: Македонија
Пакување Хартиена кеса
Алергени Може да содржи траги од јајца, млеко и јаткасти плодови
Одлично во комбинација со:

Слични производи