×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Campanini Интегрален ориз

Во кошничка имате 0 парчиња.
  • 190 ден.
  • 152 ден.

Благодарение на ограничената преработка, интегралниот ориз ги содржи недопрени сите оние хранливи својства кои во текот на истата неповратно би се изгубиле. Полулупен ориз со рустикален изглед. Богат како ниеден друг ориз.

Денес интегралниот ориз е со право прв на листата на многу нутриционисти. Експертите за исхрана не пропуштаат можност да потенцираат, благодарение на неговите безброј корисни хранливи состојки, дека тој треба да биде основата во создавањето здрави навики во исхраната.

Готвење со интегрален ориз

Најдобар начин да се зачуваат неговите карактеристики е со варење во солена вода. Пред да почнете со готвење не заборавајте да го исплакнете оризот под млаз вода со помош на цедалка. Точната количина на вода потребна за готвење на оризот е следнава: еден дел ориз на два и пол делови вода. Ставете го оризот во големо тенџере со ладна вода, покријте со капак и оставете да зоврие. Потоа, намалете ја температурата и оставете го да се вари околу 40 / 50 минути.

Богат со влакна, бара подолго време за готвење, но дава одлични резултати во подготовката на јадења и супи од зеленчук, салати од ориз и гарнири.

Наименување: Интегрален ориз
Состојки: Интегрален ориз
Тежина 1 кг
Земја на потекло: Италија
Пакување Вакум пластична фолија
Рок на траење Испечатен на амбалажата
Начин на чување: Да се чува на суво и темно место
Нутритивна вредност во 100 гр
Енергетска вредност 1545kJ/369kcal
Масти: 2,2 гр
од кои заситени 0,7 гр
Јаглехидрати 78 гр
од кои шеќери 0,3 гр
Протеини 7,4 гр
Сол: 0,01 гр
Влакна 1,4 гр
Одлично во комбинација со:

Слични производи