×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Зелени бабури

Во кошничка имате 0 гр.
  • 170 ден.

Пиперките се вбројуваат во најзастапените зеленчуци на нашите трпези. Македонија има особено погодни почви за култивирање на висококвалитетни сорти пиперки, како бабури, феферонки, чили, зелени пиперки, ајварки итн. Овој зеленчук има специфични вкусови, карактеристики и навистина широк спектар на употреба – од свежи салати, полнети пиперки, лути пиперки, ајвар и различни зимници, па сè до зачини од сушени пиперки. Сите сме слушнале дека пиперките се можеби најбогатиот природен извор на витамин Ц. Побогати и од лимонот и од портокалот.

Својства и придобивки на зелената бабура:

Пиперките се богата нутритивна храна, односно имаат висока нутритивна, а ниска калориска вредност. Содржат висок процент на вода (над 92 %). Во 100 g свежа пиперка се содржат само 31 kcal, од 6 g јаглехидрати (4,2 g шеќери), 1 g протеини и 0,3 g масти.

Исто така, тие се извор на низа моќни антиоксиданти кои претставуваат одбранбен механизам на телото. Студиите ги поврзуваат растителните влакна со побрзо и поуспешно слабеење.

Ова е поради тоа што го намалува гликемискиот индекс на храната и ја врзуваат водата во стомакот, со што се чувствува ситост. 

Високата концентрација на витамин Ц е значајна за метаболизирањето колаген – важен протеин за кожата и за косата.

Наименување Зелени пиперки бабури
Количина цена на кг
Земја на потекло: Македонија
Пакување Хартиена кеса
Регион на одгледување Скопски
Одлично во комбинација со:

Слични производи