×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Млад Компир

Во кошничка имате 0 гр.
  • 75 ден.

Од додаток во брзата храна, до специјалитети, но и како дел од традиционалната кујна, компирот има значајна улога во животот на луѓето во Македонија. Компирот има голема хранлива вредност и е одличен извор на скроб и растителни влакна. Поради неговата распространетост, но и лесната подготовка, компирот е еден од најважните и најприсутните производи на трпезите. Во исхраната, во кулинарството, компирот може да се употребува на неколку начини, како дел од други јадења со или без месо или како помфрит, пире, печен, варен итн.

Својства и продобивки:

Употребата на компирот во исхраната, преку неговото големо количество на минерали и витамини, влијае врз намалување на можноста за појава на проблеми со респираторниот систем, како и за кардиоваскуларни болести. Исто така, компирот во неговата содржина има големо количество на електролити, па е важен дел од исхраната на спортистите. Дополнително, може да помогне доколку имате болка во стомакот, а големото количество на минерали и на витамини влијае на подобрувањето на здравјето на кожата.

Наименување Млад компир
Количина цена на кг
Земја на потекло: Македонија
Пакување Хартиена ќеса
Регион на одгледување Скопски
Одлично во комбинација со:

Слични производи