Интегрален сусам
Во кошничка имате 0 парчиња.
Дали знаевте дека сусамот е всушност еден од најстарите зачини во светот? За него постојат записи уште во 3500 година п.н.е., дека се одгледувал во близина на реките Еуфрат и Тигар, а бил и дел од античката медицината насекаде во светот. Иако во светски рамки е добро позната, сепак кај нас за лековитоста на интегралниот сусам не е многу зборувано.
Со користење на интегралниот сусам во секојдневната исхрана, вие го заштитувате и јакнете организмот. Иако семките на сусамот се мали по маса, тие се полни со многу хранливи единици и се одличен извор на калциум за телото. Фактот дека во една лажица интегрален сусам има 88 мг калциум, доволно говори за здравјето кое се крие во него. Инаку сусамот е природен регулатор на крвниот притисок, го намалува лошиот холестерол и спречува развој на дијабетес. Сега подостапен од кога било, интегралниот сусам, на само неколку клика од вас.
Употреба: Како додаток во пецива, мусли, јогурт и сл. Може да се користи суров, или малку да се потпече.
| Наименување |
Интегрален сусам
|
| Тежина: |
100 гр
|
| Состојки |
Интегрален сусам
|
| Земја на потекло: |
Индија
|
| Пакување: |
Кеса
|
| Начин на чување: |
Да се чува на суво и ладно место
|
| Рок на траење: |
Датумот е означен на амбалажата
|
| Нутритивна вредност во |
100 гр
|
| Енергетска вредност |
594 kcal / 2371 kЈ
|
| Масти |
50 гр
|
| од кои заситени |
7 гр
|
| Јаглехидрати |
12 гр
|
| од кои шеќери: |
0 гр
|
| Протеини |
18 гр
|
| Сол |
0,03 гр
|
| Влакна |
12 гр
|
| Алергени |
Содржи сусам
|