Симбол на периодот есен - зима, брокулата е блиска роднина на карфиолот. Интересната форма на брокулата, како разгрането дрво, ја прави прекрасен зеленчук за гледање. Одличен во зимската исхрана, како дополнителен внес на витамини и минерали. Во кујната има широка примена. Пробајте ја со тестенини, обарена, во тава, со месо, па дури и сурова.
Својства и придобивки од брокулата:
Овој зеленчук претставува одлична резерва на витамини и минерали. Поточно, витамини А, Ц, Е, К и добар опсег на витамини од групата Б, вклучително и фолна киселина, заедно со железо, калиум, калциум, селен и магнезиум. Бидејќи е богата со растителни влакна, помагаат при здраво варење и цревна регулација. Таа е добар сојузник против холестеролот и затоа е пријателка на нашето срце и е добра за очите, благодарение на содржината на некои каротеноиди.
Како да користите брокула при готвење?
Честопати постои тенденција да се елиминира преголем дел од брокулата, употребувајќи го само централниот дел и целосно отфрлајќи ги стеблата и лисјата. Но, токму помеѓу стеблото и лисјата се концентрираат важни материи, како што се влакна и бета - каротен. Користете ја целата брокула и не се двоумете. Немојте да ги фрлите најважните хранливи состојки!
Постојат многу начини на подготовка што можете да ги изберете: варење, пржење, печење, на пареа, па дури и во микробранова печка. Пареата е секако најпрепорачана доколку сакате да ги зачувате хранливите својства на зеленчукот што е можно повеќе.