×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Пашканат

Во кошничка имате 0 гр.
  • 170 ден.

Пашканатот е близок роднина на морковите и се одгледува поради слаткиот, сочен корен. Овој коренест зеленчук наликува на другите членови од фамилијата apiaceae, како што се: моркови, магдонос, целер, ким, копар итн. Ботанички, тој припаѓа на фамилијата umbelliferae (apiaceae), во родот Pastinaca.

Pastinaca sativa е двегодишно растение кое се бере во студените месеци, а потекнува од медитеранските региони. Во првата година расте во височина од еден метар до метар и половина и има развиени корења, кои обично се берат по првата слана. Ако се остави да расте, во втората година од животот, растението развива снопови од мали, жолти цветови, во форма на чадор и семки. Месестиот корен заличува на морков, но има бела или крем боја и е поблаг од морковите. 

Употреба во кујната:

За да го подготвите, измијте го со студена вода и истријте го или пак нежно излупете ја лушпата. Поткастрете ги краевите. Исечкајте го на коцки, дискови или парченца според потребите. Кревкиот пашканат се готви на сличен начин како морковите. Не го гответе предолго. Пашканатот се зготвува многу бргу бидејќи содржи повеќе шеќер отколку скроб.


Наименување Пашканат
Количина цена на кг
Земја на потекло: Македонија
Пакување Хартиена кеса
Регион на одгледување Скопски
Одлично во комбинација со:

Слични производи