×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Праз

Во кошничка имате 0 парчиња.
  • 39 ден.

За да го осетите вкусот и да се запознаете со богатството на традиционалната храна во Македонија, задолжително морате да пробате стара, традиционална пита со праз, подготвена со хранливи и органски произведени состојки, како што е празот од Домато. Празот е нискокалоричен зеленчук кој е многу вкусен и хранлив. Тој доаѓа од истиот род на зеленчуци како што се кромидот и лукот, а во готвењето се користи белиот и светлозелениот дел, но некогаш и темнозелените листови. Празот може да се најде најчесто во Европа, но и ширум светот, но посебно се користи во традиционалната македонска кујна, расте во форма на високо, тенко и долго стебло со напластени листови. Во кулинарството може да се користи на разни начини и покрај разните супи, варива и чорби во кои може да се додаде, најчесто се користи во подготовка на пити и на салати.

Својства и продобивки:

Празот, покрај сувите материи, протеините и шеќерите содржи голем број на витамини и минерални материи кои се значајни за зајакнување на имунитетот, но и за намалување на крвниот притисок и холестеролот во крвта. Исто така, празот го олеснува варењето на храната, го потикнува излачувањето на токсините од организмот, но е корисен и при алергии и бронхитис.

Наименување Праз
Земја на потекло: Македонија
Пакување Хартиена кеса
Количина сноп 3 парчиња
Регион на одгледување Гевгелија

Слични производи