×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Скопски јабучар

Во кошничка имате 0 гр.
  • 180 ден.

Јабучар е сорта на домат кој изобилува со неговата големина и специфичната розева боја. Најмногу го има во скопскиот и струмичкиот предел. Тој се карактеризира со розова боја и вкус на вистински домат. Во 2013-та година, во Охрид изниклал јабучар со големина од дури еден килограм. Тајната е во тоа што доматот единствено бил прихранет и испрскан со чај од варени коприви, а наводнувањето е со системот капка по капка со изворска вода, која воопшто не содржи хлор.

Јабучарот, кој е чист и еколошки здрав и мириса на вистински домат, се губи во последниве години. Успева да опстои и во густо населени подрачја, но и во градски средини.

Својства и придобивки на домат јабучар:

Доматот е овошје што во исхраната се употребува: свеж, конзервиран како на пример зелен поткиселен домат во туршија и зимница, како сок, прелив (кечап - доматен сос) или како зачин. Неговите плодови се богати со витамин Ц, каротин, витамин Б1 и витамин Е. Покрај витамините, во него се среќаваат и значајни количества на манган, железо и бакар.

Наименување Скопски јабучар
Количина цена на кг
Земја на потекло: Македонија
Пакување Хартиена кеса
Одлично во комбинација со:

Слични производи