Тиквичка
Во кошничка имате 0 парчиња.
Тиквичката е еден од најдобрите летни продукти, бидејќи може да се подготви на милион начини. Овој зеленчук содржи премногу вода, па би требало да го јадете во што поголеми количини во летната сезона, затоа што брзо и лесно ќе ве засити, но и ќе ви помогне да се разладите и полесно да ги поднесете тропските жештини. Со оглед на тоа што тиквичките се богат извор на витамин Ц и што содржат повеќе од третина од препорачаната дневна количина, тие благотворно делуваат на здравјето на очите. Тиквичките превентивно делуваат против дијабетес. Покрај тоа, овој продукт е богат извор на витамин Б поради кој помага во борбата против стресот.
Својства и придобивки:
Тиквичките се едни од најдобрите продукти ако сте на диета и сакате да одржите витка фигура. Во 100 грама сурови тиквички има само 16 калории, а богати се со витамини и со влакна, односно со манган и со витамин Ц. Тие се добар извор на магнезиум, витамин А, калиум, прехранбени влакна, фолна киселина, фосфор, бакар и витамин Б2. Поради диеталните влакна, но и витамините и минералите кои ги содржат, тиквичките го поттикнуваат исфрлањето на водата и штетните материи од телото, а и делуваат поволно на варењето и помагаат за одржување на витката линија.
Наименување |
Тиквичка
|
Количина |
1 парче (цца 400 гр)
|
Земја на потекло: |
Македонија
|
Пакување |
Хартиена кеса
|
Регион на одгледување |
с. Шишево
|
Напомена |
Тежината може да варира ± 10 %.
|
Одлично во комбинација со: