×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Дајкон

Во кошничка имате 0 гр.
  • 59 ден.

Дајкон или јапонска трупка е коренест зеленчук за кого се вели дека потекнува од Медитеранот, а е донесен во Азија за одгледување околу 500 п.н.е.

Зборот Daikon всушност доаѓа од двата јапонски зборови: dai (што значи голем) и kon (што значи корен), што во буквален превод значи „голем корен“.

Дајконот е многу здрав и лековит зеленчук, кој често се наоѓа на трпезите на вегетаријанците и макробиотичарите. Во последно време сè повеќе го има и на нашите пазари и сè почесто се користи во секојдневната исхрана.

Тоа е бела трупка со задебелен корен со светлозелена пигментација. Постојат три различни форми – сферични, триаголни и цилиндрични. Некои примероци можат да достигнат и пречник на фудбалска топка. Тежината на одредени примероци достигнува и до 40 килограми. Сепак, се препрачува да се извадат од земја пред да достигнат таков гигантски раст. Коренот на јапонската трупка е сочен, крцкав, со бела боја и со малку сладок вкус. Свежиот дајкон има ненабрчкан корен и свежи зелени листови. Најдобро е да се чува во пластична кеса и во фрижидер, за да остане подолго време свеж и крцкав. Може да се пече и на скара, во рерна, да се вари и да се додава во разни супи и чорби од зеленчук. Сепак, најдобро е да се јаде свеж како салата, зачинета со лимон и маслиново масло.

Својства и придобивки на дајконот:

Дајконот има мала енергетска вредност, 18 kcal во 100 g, но содржи многу различни витамини, минерали, ензими и други корисни нутритиенти. Освен коренот, се користат и младите листови на дајконот, кои се богати со витамин Ц, бета - каротин, калциум, калиум, железо. Од минерали содржи калиум и калциум, а е богат извор и на витамин Ц (обезбедува 34% од дневната препорачана доза на овој витамин). Богат е со гликозиди и специфични материи со бактерицидно дејство.

Во народната медицина дајконот се користи како природен лек кај пациентите со дијабетес, па дури може да го намали и ризикот од појавување на оваа хронична болест. Поради присуството на железо и витамин Ц, дајконот е многу корисен и во лекувањето на анемијата. Дајконот е одличен за детоксикација на организмот.

Наименување Дајкон
Количина цена на кг
Состојки Дајкон
Земја на потекло: Македонија
Пакување Хартиена кеса
Регион на одгледување Скопски
Одлично во комбинација со:

Слични производи