Масло од ленено семе
Во кошничка имате 0 парчиња.
Маслото од ленено семе има карактеристична светложолта боја, која се добива токму од растението лен. За прв пат ова масло се појавува во 50 - тите години од минатиот век како додаток во исхраната, а тоа се должи на врвните нутритивни вредности кои ги поседува. Додека пак во традиционалната медицина се користи како лаксативно средство, но и за превенција од кардиоваскуларни заболувања.
Маслото од ленено семе ги содржи само масните компоненти од содржината на семето, што значи дека има голема калориска вредност. Тоа е богато со диетални влакна, аминокиселини и други важни хранливи компоненти. Ова масло се добива со постапката на ладно пресување на температура од 40 Целзиусови степени, при што се задржуваат сите хранливи состојки во него.
Употреба: Се консумира директно 1 - 3 лажици на ден или како прелив за салати, варива, житарки и сл. Не се препорачува загревање.
| Наименување |
Масло од ленено семе ладно цедено
|
| Земја на потекло: |
Србија
|
| Состојки: |
100% масло од ленено семе, ладно цедено, нерафинирано
|
| Тежина: |
250 мл
|
| Пакување: |
Стакло
|
| Начин на чување: |
Да се чува на суво и темно место
|
| Рок на траење: |
Датумот е означен на амбалажата
|
| Нутритивна вредност во |
100 гр
|
| Енергетска вредност |
899 kcal / 375 kJ
|
| Масти: |
99,88%
|
| Јаглехидрати: |
0%
|
| Протеини: |
0%
|