Овие чорбаџиски пиперки се одлични мезе, како прилог или состојка од салата, тие се дел од македонската традиција.
Овие чорбаџиски пиперки се без додатоци бои, конзерванси и адитиви, растени на отворено во нашата земја и конзервирани по домашен рецепт.
Дали знаевте?
Ферментираната храна е распространета од античките времиња и се уште многу популарна во Источна Европа и Азија. Денес, науката откри дека овој тип на конзервирање на зеленчукот, покрај зачувувањето и зголемувањето на неговите хранливи карактеристики (зголемување на фолна киселина, витамин Б2, Б12, витамин Ц), е оптимален начин за зголемување на биолошката разновидност на цревниот микробиом.
Балансот на микробиомот може да се намали кога организмот е подлежен на стрес, алергии или други заболувања, а веќе е општо познато дека игра голема улога во нашиот имунитет. Конзумирањето на пробиотици кои ги содржи конзервираниот зеленчук може да придонесе за зачувување на рамнотежата на нашиот микробиом.
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Прочитај повеќе