Врат без коска од свежо јунешко месо
Во кошничка имате 0 гр.
Како што кажува и неговото име, вратот без коска не содржи тврд дел во него, што го прави многу попогоден за мелење и добивање на мелено месо. Инаку вратот претставува шарено месо, а под шарено се подразбира парче кое има и чиста кртина и малку масен дел, кој го прави посочен за консумација. Најдобро подготвен е кога ќе се свари или добро испече. Негова главна карактеристика е тоа што ги обогатува останатите вкусови со кои се комбинира.
Месото кое се користи во овој производ е добиено од домашни животни, кои што се одгледувани од македонски сточари, а се пасени на најприродните пасишта во земјата. Тие се внимателно избрани, а нивното производство е строго контролирано и надгледувано. Месото кое ние ви го носиме е секогаш свежо и со врвен квалитет.
Тежината може да варира + 50 гр/кг.
| Наименување |
Врат без коска од свежо јунешко месо
|
| Пакување |
Стиропор и фолија
|
| Земја на потекло: |
Македонија
|
| Начин на чување |
Да се чува во фрижидер на температура од 0 - 4 °C; свеж производ - може да се замрзнува
|
| Количина |
цена на кг
|