×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Органска Тосканска чорба (намирници)

Во кошничка имате 0 парчиња.
  • 790 ден.

Ова е одлична опција за оброк за родители кои немаат многу време, па со едно готвење ќе има ручек за целото семејство.

Главни ѕвезди во овој оброк се спелтата и наутот, а сега на кратко ќе ви објаснеме и зошто.

✔️ Спелтата е житарка која е одличен извор на железо, магнезиум и цинк, протеини, како и други витамини и минерали. Има  низок гликемиски индекс што ја прави погодна за дијабетичари. Спелтата е вид на пченица која е понутритивна од останантите, а оваа на Alce Nero е од органско потекло.

✔️ Наутот изобилува со протеини, па во оваа комбинација не треба да се грижите за недостатокот на месо во оброкот.  Како и спелтата, содржи многу растителни влакна, железо, други витамини и минерали и растителни влакна. Секогаш е наш омилен избор како протеински додаток на оброкот.

Потребни состојки за 2 детски порции:

✔️ 50 гр спелта Alce Nero
✔️ 50 гр наут Alce Nero
✔️ 1 лажица маслиново масло Alce Nero може да го нарачате одделно тука: Органско екстра девствено масло Бејби Фуд
✔️ био зачин Alce Nero
✔️ 1 морков
✔️ 1 чешне лук
✔️ 1 мал кромид
✔️ 2 лажици кадифен доматен сос Alce Nero
✔️ сол (по потреба)

Подготовка:

Ги сецкате зеленчуците и кратко ги пропржувате на маслиновото масло на мала температура. Потоа ги додавате спелтата и наутот кои преку ноќ одстоиле во вода, ги прекривате со вода, ги додавате зачините, покривате со капак и варите околу 90 минути на тивко со повремено промешување, односно додека не омекне наутот.

Овој оброк е од 7 + месеци, или откако сте ги вовеле сите намирници во исхраната.

Задоволува околу 1/3 од дневниот калориски внес на дете од 1 - 2 години.



Органска Тосканска чорба (намирници) се состои од:

Количина 7 - 10 оброци
Нутритивна вредност во во 2 детски оброци
Енергетска вредност 273 Kcal
Јаглехидрати 39 гр
од кои шеќери 5,7 гр
Протеини 9 гр
Масти 9 гр
од кои заситени 1,2 гр
Влакна 8,8 гр

Слични производи