Ризото со вргањ (намирници)
Во кошничка имате 0 парчиња.
Традиционален специјалитет од италијанската кулинарска традиција кој го има на секоја трпеза во есен и зима. Кремастата и нежна текстура прави контраст на ароматичниот вргањ, кој доколку го имате во сушена варијанта ќе ви овозможи овој рецепт да го припремите преку целата година.
Видео рецептот може да го погледнете тука: https://www.instagram.com/tijanaskulicc/reel/CYFAJYYh7dM/?utm_medium=copy_link
Потребни состојки за 2 порции:
1. 180 гр ориз Карнароли
2. 30 гр сушен вргањ
3. 60 гр Грана Падано или Пармезан
4. чешне лук
5. магдонос
6. путер
7. Маслиново масло (може да го нарачате одделно тука)
8. Коцка за заленчукова супа (може да нарачате одделно тука)
Постапка:
Во топла загреана вода се вари 15-20 мин сушениот вргањ, потоа вргањот се става на страна а водата се чува. Во тавче се запржува ситно сецканиот лук со маслиново масло, се додава оризот и се пржи 1-2 мин. Полека се додава од водата каде што се вареше вргањот и се меша додавајќи постојано вода околу 15 -18 мин. се додека не се добие посакуваната текстура. Се додава 1 голема лажица путер, сол и бибер. При крај се додаваат печурките, се меша 1 мин, се трга од огин, се додава рендан пармезан и магдонос и се меша уште минута.
Buon appetito :)
Ризото со вргањ (намирници) се состои од: