×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Пакери 3 помодори

Во кошничка имате 0 парчиња.
  • 675 ден.

Pasta al pomodoro (Тестенини во доматен сос) е традиционален италијански специјалитет, едноставен а неверојатно вкусен.

Рецептот "Пакери 3 помодори" е составен од тестенини Пакери, типична форма од регионот Кампанија, и сос кој е микс од 3 домати (шери, пелати и  сушени домати). 

Линк за видео рецепт: https://www.instagram.com/tv/CYwZkLOhpY_/?utm_medium=copy_link

Потребни состојки за 4 оброци:

1. 500 гр Пакери

2. 500 гр шери домати

3. 400 гр Пелати

4. 30 гр сушени домати

5. 1 лукче

6. китка босилек

7. 100 гр Грана Падано или Пармезан

Постапка:

Во маслиново масло се пропржува лук, се додаваат доматите Пелати, сол, бибер и се динста околу 15 мин.

Сушените домати се потопуваат во зовриена вода да отстојат 10 минути, се процедуваат и се зачинуваат со масло, сол и бибер.

Во тенџере се варат шери доматите околу 5-10 минути дур омекнат, па се пропржуваат во тавче со маслиново масло околу 10 мин.

Во сосот од пелати се додаваат сувите домати и шери доматите и се додава 50 гр рендан Грана или Пармезан. Се вари пастата, се цеди и се додава во сосот. Се додава  босилекот. Се сервира и се додава рендан Грана Падано по желба.

Buon appetito!

Пакери 3 помодори се состои од:

Наименување Состојки за подготовка на рецептот Пакери 3 помодори
Количина 4 оброци

Слични производи