×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Спелта со карамелизирани јаболка (намирници)

Во кошничка имате 0 парчиња.
  • 615 ден.

Спелтата е една од најздравите житарки кои можете да им ги понудите на вашите малечки, па затоа ви подготвивме еден вкусен појадок кој е одличен за целото семејство: варена спелта со карамелизирани јаболка и цимет.

За појадокот се вели дека е најважен оброк од денот затоа што се смета дека апсорбцијата на нутриенти е најголема при првиот оброк во денот, односно на празен желудник.

Еве неколку причини зашто органската спелта е добар избор:

✔️ Комбинацијата на железо и бакар е супер за крвната циркулација. 
✔️ Железото помага при метаболизирање на протеини, создавање на на хемоглобин и црвени крвни зрнца, па е супер намирница при анемија
✔️ Содржи Ниацин, кој е важен член од Б комплексот на витамини и е значаен за многу клеточни функции
✔️ Содржи есенцијални минерали како: фосфор, калциум, цинк, селен, магнезиум и бакар кои се важни за цврсти коски и запчиња, а ова допринесува за превенција на остеопороза на подоцнежна возраст
✔️ Комбинацијата на витамини и минерали позитивно влијае на имунитетот
✔️ Растителните влакна ја подобруваат дигестијата и помагаат при опстипација
✔️ Го стимулира растот и развојот

Потребни состојки за 1 детски оброк:

✔️ 60 гр спелта Alce Nero
✔️ 1 мало јаболко
✔️ 1 лажичка нерафиниран интегрален шеќер Alce Nero
✔️ вода
✔️ 1 лажичка путер од кикирики

Постапка:

Спелтата ја покиснувате неколку часа во вода, или преку ноќ. Потоа убаво ја плакнете, и ја ставате да се вари со вода 40-60 мин. Готова е кога зрното изгледа “испукано”. Во меѓувреме го сецкате јаболкото на полумесечинки или мали коцки, го ставате шеќерот во тавче, го додавате јаболкото и мешате додека да се растопи шеќерот. Кога спелтата е готова, ја цедите ако останало вишок вода, па го додавате јаболкото, путерот од кикирики и попрскувате цимет (може да го нарачате Цимет во прав тука или Цимет во стапчиња тука). Ако вашето детенце нема проблем со анемија, можете да послужите со 1 лажичка павлака или грчки јогурт.

Намирниците се за 6+ месеци, или откако сте ги вовеле сите намирници во исхраната.





Спелта со карамелизирани јаболка (намирници) се состои од:

Наименување Намирници за подготовка на "Спелта со карамелизирани јаболка"
Количина 8 - 9 оброци
Нутритивна вредност во еден оброк
Енергетска вредност 447 Kcal
Јаглехидрати 80 гр
Шеќер 27 гр
Протеини 12 гр
Масти 10 гр
од кои заситени 2 гр
Влакна: 14 гр

Слични производи