×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Цимет стапчиња

Во кошничка имате 0 парчиња.
  • 120 ден.

Циметот за многу од нас претставува само обичен зачин, но всушност во него се кријат голем број здравствени бенефити. Циметот потекнува од дрвјата на семејството растенија Cinnamomum. Многу интересен факт за него е тоа што тој не се прави ниту од листовите на растението, а ниту од неговиот плод, туку од кората на стеблото и гранките. Во Домато специјално за потрошувачите достапни се и цимет стапчињата, кои можете да ги користите како зачин во храната која ја готвите.

Нивната употреба е едноставна, се додаваат во храната која се вари или пече, може да се вријат во вода и од нив да се прави чај, а може да се остават и во вода, да киснат цела вечер, а наредниот ден да ја консумирате “зачинетата” вода со цимет. Доколку после употребата ги исушите, цимет стапчињата ќе можете да ги користите повторно и така во круг, додека не ги искористите целосно.

Начин на употреба: Цимет стапчињата се користат како зачин, се додаваат во храната додека се вари или пече. Може да се вријат во вода, за подготовка на чај (самостојно или во комбинација со други билки). Може и да се стават да киснат преку ноќ во вода и потоа водата да се испие. Се дозираат според вкус. Доколку после употребата се исушат, може да се користат и повеќекратно.

Наименување: Цимет стапчиња
Тежина: 50 гр
Состојки: 100% цимет стапчиња
Земја на потекло: Индија
Пакување: Кеса
Начин на чување: Да се чува на суво место, во добро затворено пакување
Рок на траење: Датумот е означен на амбалажата
Одлично во комбинација со:

Слични производи