Органски цејлонски цимет во прав
Во кошничка имате 0 парчиња.
Циметот за многу од нас претставува само обичен зачин, но всушност во него се кријат голем број здравствени бенефити, важни за човековиот организам. Циметот всушност потекнува од Шри Ланка, чие поранешно име било Цејлон, па затоа и органскиот цејлонски цимет од Био Космос е всушност и оригиналниот т.н. вистински вкус на цимет. Инаку самиот зачин потекнува од дрвјата на семејството растенија Cinnamomum. Многу интересен факт за него е тоа што тој не се прави ниту од листовите на растението, а ниту од неговиот плод, туку од кората на стеблото и гранките.
Органскиот цејлонски цимет важи за зачин со моќни лековити својства. Тој е голем извор на антиоксидативни компоненти со моќно антивоспалително дејство. Овие компоненти се клучни во борбата на организмот со слободните радикали, кои водат кон оксидативен стрес, а кој пак води кон хронични воспалителни процеси. Затоа кога и да ви се пружи шанса, зачинете ги вашите закуски со органскиот цејлонски цимет во прав.
Употреба: Цејлонскиот цимет во прав се употребува при подготовка на десерти, зачинети зеленчукови јадења или ориз, за чај или топли напитоци. Додадете ½ кафено лажиче при варењето на оризот или на зеленчукот, и ќе добиете прекрасна арома која добро се комбинира со многу вкусови.
Наименување: |
Органски цејлонски цимет во прав
|
Тежина: |
50 гр
|
Состојки: |
100% oргански цејлонски цимет во прав
|
Земја на потекло: |
Шри Ланка
|
Пакување: |
Пластика
|
Начин на чување |
Ладно (под 25 ⁰C) и суво (под 60% влажност) место, во добро затворено пакување
|
Рок на траење: |
Датумот е означен на амбалажата
|
Нутритивна вредност во |
100 гр
|
Енергетска вредност |
315 kcal / 1142kJ
|
Масти: |
3 гр
|
од кои заситени: |
0,9 гр
|
Јаглехидрати: |
56 гр
|
од кои шеќери: |
55 гр
|
Протеини: |
4 гр
|
Сол: |
0,08 гр
|
Влакна: |
24 гр
|
Одлично во комбинација со:
Во кошничка имате 0 парчиња.
Во кошничка имате 0 парчиња.
Во кошничка имате 0 парчиња.