×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Банана мафини со празничен зачин (намирници)

Во кошничка имате 0 парчиња.
  • 1,950 ден.

Смесата ги содржи истите зачини како и тие во познатите gingerbread колачиња, што ги прави мафините идеални за декемвриско-јануарската празнична атмосфера. Многу убав мирис се шири додека се печат, а со шоља млеко се идеален доручек кој може да го послужите и на вашите деца (за деца помали од 1година медот заменете го со друг течен засладувач).

Состојки за 12 мафини:

Суви состојки:

  • 100гр бело брашно 
  • 80гр интегрално брашно 
  • 6гр пециво
  • 1 лажица какао
  • 1 лажичка цимет
  • 1 лажичка ѓумбир во прав
  • Прстофат сол

Влажни состојки:

  • 2 зрели банани
  • 75гр путер од бадеми (или други јатки)
  • 100гр кокосово масло
  • 2 јајца
  • 120гр мед

Декорација:

Постапка:

  • Сувите состојки се просејуваат во еден сад, а влажните се мешаат во друг сад.
  • Сувата смеса постепено на повеќе пати се додава во влажната смеса и се меша се со шпатула додека за да исчезнат сувите делови.
  • Се полнат калапите (претходно обложени со хартиени корпи доколку не се силиконски), се наросуваат со исецкани јатки и се печат во загреана рерна на 180°C 25-30 минути.




Банана мафини со празничен зачин (намирници) се состои од:

Количина 10 дози