Лазања
Во кошничка имате 0 парчиња.
Лазањата е омилено јадење и кај децата и кај возрасните.
Ова е одличен одброк, кој ќе му се допадне на целото семејство, а притоа полн со здрави и нутритивни состојки неопходни за развојот на децата и балансирана исхрана на возрасните.
Мастите се всушност многу важен дел од детската исхрана? За децата никогаш не треба да бирате low fat продукти, затоа што истите најчесто имаат помалку шеќер, а и калории.
Мастите се клучни за раст и развој на детското тело, а помагаат и при апсорбиција на липосолубилните витамини. Секако, изворот на масти е важно да е здрав и да не содржи соли, додатоци и транс масти.
Рецептот е составен од нутриционист, и претставува комплетен оброк за возраст од 11+ месеци или од кога ќе се воведат сите состојки.
Потребни состојки за 4 возрасни оброци:
* 12 лазањи Alce Nero
* 400 мл доматен сос
* 3 моркови
* 2 чешниња лук
* 1 кромид
* 2 лажички органски зеленчуков зачин Alce Nero (зачинот можете да го нарачате одделно тука)
* 200 гр свежо мелено месо
* 300 гр несолена урда
* 100 гр рендан пармезан
* 2 лажици маслиново масло Baby Food (маслото можете да го нарачате одделно тука)
Постапка:
Зеленчукот ситно го сецкате и го динстате со месото со постојано промешување 4-5 мин на маслиново масло. Потоа го додавате доматниот сос и зачинот, и динсате уште неколку минути. Во меѓувреме во зовриена вода во големо тенџере ги варите кратко лазањите (околу 2 мин, додека омекнат). Во тавчето кое ќе печете (моето беше 25x16 ) ставате 1 лажица доматен сос на дното и ја размачкувате површината. Потоа редите 3 лазањи, па ставате слој урда, па од смесата со месото која е веќе готова. Потоа редите втор слој лазањи и ја повторувате постапката. Врз третиот слој лазањи ставате само доматен сос и околу 200 мл вода, па ставате се да се пече околу 30 мин, го додавате ренданиот пармезан и печете уште 5-10 мин. Можете да сервирате како на сликата и да имате комплетен ручек со зелена салата.
Лазања се состои од:
Наименување |
Пакет намирници за подготовка на Лазања
|
Количина |
4-6 оброци
|
Одлично во комбинација со:
Во кошничка имате 0 парчиња.
Во кошничка имате 0 парчиња.
Во кошничка имате 0 парчиња.
Во кошничка имате 0 парчиња.