×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Пршута Парма 18 месеци со заштитена ознака на потекло

Во кошничка имате 0 гр.
  • 1,530 ден.
  • 1,224 ден.

Што претставува Пршутата Парма?

  • Внимание на деталите и фазите на созревање.
  • Страст за старо дело направено од стари традиции и предадено од генерација на генерација.
  • Рамнотежа на аромите и вкусовите на богата и дарежлива земја.
  • Квалитет и внимание при изборот на употребената суровина.

 Овие елементи ја прават пршутата Парма еден од најрепрезентативните производи на Made In Italy и најценет и најпознат во светот.

Пршутата Парма (од латински perexsuctum, буквално исушена) е добар, здрав и оригинален производ. Од почетокот на постоењето на овој производ, не биле користени ниту конзерванси ниту адитиви и резултатот е вкусен и целосно природен производ. Две други состојки се додаваат на свинскиот бут и солта: времето и ветрот, сув и нежен, од мирисливите ридови во Парма. Единственоста на оваа територија, која е екстремно ограничена област на провинцијата Парма, е токму тоа – да се имаат идеални климатски услови за природно зреење, што ќе ѝ ја даде таа непогрешлива сладост и вкус на пршутата Парма. Исклучително контролиран DOP производ (Denominazione di origine protetta – ознака за заштитено потекло), поврзан со долг и со крут процес на производство, кој завршува со внимателно испитување и со втиснување на круната, која е нивен препознатлив знак. Ова обележување е непогрешлив знак што го разликува овој производ од останатите; загарантирана и безбедна понуда за потрошувачот со која се потврдува апсолутната извонредност и оригиналност на производот.

За производство на пршутата Парма се избира многу посебна свиња: родена и израсната во само 10 региони на Централна и на Северна Италија, исклучиво од расата Large White Landrance и Duroc, хранети со квалитетна храна (пченка, јачмен, сурутка добиени од производство на Пармиџано), на возраст од над 9 месеци и тежина во просек од 160 кг.

Само ако се исполнети овие услови, заверени со документацијата и со ознаката ставена од одгледувачот, може да влезе во кругот на пршута Парма.

Преработка на пршута

Ладење: по колењето, свинскиот бут се остава да се олади до 0 степени во посебна ќелија цел ден, за месото да стане цврсто. Освен ладење, не е се случува никаков третман за конзервирање.

Сечење: отстранување на дел од маснотиите и кората и давање на класична кружна форма.

Солење: оладените и исечените бутови се испраќаат до постројките за солење. Во овој момент солењето го вршат мајсторите за сол користејќи влажна сол (на кората) и сува сол (на деловите со месо). Не смее да се користат никакви хемикалии, конзерванси или други додатоци, ниту пак смее да се спроведуваат процедури на пушење на месото.

Одмор: солениот бут се остава да одмори од 60 до 80 дена во ладна просторија, на контролирана температура и влажност. Во оваа фаза, површно апсорбираната сол продира длабоко и рамномерно се дистрибуира во мускулната маса.

Миење и сушење: откако ќе се измие со топла вода за да се отстрани преостанатата сол или нечистотии, бутот се суши користејќи ги природните услови или во специјални „сушари“.

Пред-зреење: бутот се закачува на специјални алати, во големи простории каде што се отвораат прозорците во зависност од влажноста, за да се овозможи производот постепено да се суши.

Премачкување: бутот „се тепа“ за да се добие совршена заоблена форма и се премачкува со сало, производ на база на маснотии збогатен со сол, бибер, а понекогаш и оризово брашно. Оваа мешавина овозможува да се избегне премногу брзо сушење и да се задржи пршутата мека.

Зреење: пршутата се чува во визба, каде зрее од 10 до 12 месеци во зависност од големината. Кога пршутите се пренесуваат во визбите, понекогаш, со помош на карактеристична игла од коњска коска, се спроведуваат тестови за мирис на производот со цел да се оцени добриот напредок на производствениот процес.

Проверка и обележување: откако ќе помине потребното време, се вршат соодветни проверки, по што следува обележување на производот што се смета за погоден и соодветен.

Нутритивни информации

Малкуте маснотии, многуте минерални соли и лесно сварливите витамини и протеини, ја прават пршутата Парма храна погодна за секого; производ со апсолутна извонредност што ги синтетизира и сублимира добрите карактеристики на суровата пршута.

Вкупната липидна компонента е исто така со голем квалитет, благодарение на високата содржина на незаситени масни киселини (64,9%), оние добри масти кои се добри за здравјето, како олеинска киселина (45,8%), мононезаситена маст содржана и во маслиновото масло што штити од кардиоваскуларни заболувања.

Пршутата Парма е потврдена како високо сварлив производ и затоа е идеална храна за деца, спортисти и постари лица, благодарение на висококвалитетната содржина на протеини и природната протеолиза што се јавува при зреењето на месото.

Овој производ, исто така, се покажа како одлична храна што помага во борба и инхибиција на дејството на слободните радикали, главната причина за стареењето и дегенеративните болести и враќање на физиолошката рамнотежа на организмот, благодарение на присуството на природни антиоксиданти како витамин Е и селен.

Производител Industriа Salumi Simonini S.p.A
Наименување Пршута Парма
Состојки Свинско месо, сол
Земја на потекло: Италија
Пакување Хартиена кеса
Рок на траење Испечатен на амбалажата
Начин на чување Да се чува во фрижидер на темература до 10°C
Нутритивна вредност во 100гр
Енергетска вредност 1113 kJ / 267 Kcal
Масти 18гр
од кои заситени 6,1гр
Јаглехидрати < 0,5 g
од кои шеќери 0гр
Протеини 26гр
Сол 4,4гр
Количина цена на кг
Одлично во комбинација со: