×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Состојки за пица Спианата

Во кошничка имате 0 парчиња.
  • 930 ден.

Гурмет пица со типична зреена лута салама Спианата од Калбрија, италијански домати од регионот на Везув, брашно од Емилија Ромања и свежа моцарела. Ќе ве однесе со мислите и вкусот во Италија :)

Состојки за 4 пици:

1. 400 гр брашно

2. квасец

3. 200-220 гр моцарела

4. 200 гр павлака

5. 200 гр салама Спианата

6. 120 гр сушени домати

7. 10 гр маслиново масло (погледнете ја нашата селекција на маслинови масла тука)

8.10 гр сол 

9. 260 млл вода млака 28-30 степени

Постапка:

Водата ставете ја во голем сад, додадете го квасецот и промешајте со прсти за да се стопи. Додадете го брашното, солта и маслиново масло и замесето го тестото за да добиете убава мазна и еластична структура. Оставете го на топло место да одмори 30 минути и потоа месето го 10 минути со постојано превиткување на тестото. Оставете го повторно на температура 26-28 степени да одмори. По 30 поделете го на 4-5 топчиња, ставете го во сад подмачкан со масло и оставете го да 24 часа во фрижидер.

Набрашнувате подлога и секое топче го истегнувате додека да добие кружна форма од околу 25 цм.

Павлаката ја промешувате со малку јогурт или вода за да стане потечна.

Го премачкувате тестото со павлаката, ставате ситно сецкана и процедена моцарела, одозгора ставате спианата и сушени домати и печете на 250 степени (претходно добро загреана рерна) околу 15-20 минути. 

Buon appetito!



Наименување Пакет намирници за подготовка на пица Спианата
Количина 4-5 пици

Слични производи