×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Ригатони alla votka без вотка

Во кошничка имате 0 парчиња.
  • 590 ден.

Доколку мислите дека нема шанси само сос од домати, кромид, лук и крем сос од 4 вида сирење да го направат најдобриот домашен сос за тестенини кои некогаш сте го пробале, тогаш овој рецепт ќе ви го докаже спротивното. ?

Состојки:

  • 250 грама ригатони
  • 330 грама сос од домати
  • 330 мл вода 
  • 1 главица кромид
  • 3 чешниња лук
  • 1 врзоп свеж босилек 
  • 125 грама крем сос од 4 вида сирење 
  • грана падано

Подготвка:
Во тава ставете маслиново да се загрее. Ставете ги кромидот и лукот да се испржат, околу 10 минути на средна температура. Ставете го сосот од домати и истото шише наполнете го со вода, покријте со капак и оставете да се крчка на средно ниска температура додека да се згусне од себе, околу 5 минути. Мешајте повремено. Целата смеса претурете ја во блендер и изблендајте додека да се соедини сосема. Претурете го сосот во истото тавче, ставете го кремот од 4 вида сирења и цел врзоп босилек. Покријте со капак и оставете да крчка додека да се згусне, околу 5 минути. Кога сосот ќе биде густ и готов, ставете ги во сосот сварените ригатони и убаво измешајте. Зачинете со сол по вкус и многу мелен црн бибер. Сервирајте во чинија, а од горе изрендајте пармезан и ставете уште малку маслиново масло. 

Забелешки:

Користете квалитетен сос од домати. Прави многу разлика во целиот вкус на сосот. 

Имајте на ум дека сосот прска ама чистете ја кујната како што готвите и нема ни за забележите неред. 



Наименување Намирници за подготовка на Ригатони alla votka
Количина 5 оброци
Одлично во комбинација со:

Слични производи