Fish & Chips
Во кошничка имате 0 парчиња.
За мезе, ручек или вечера, Fish & Chips е класика која на сите ќе им се допадне.
Состојки:
За риба:
За компири
Подготвка:
Во длабок сад ставете ги сите состојки за смесата за пржење. Измешајте убаво и оставете да се лади во фрижидер најмалку 30 минути.
Секое парче риба извалкајте го во прво во брашно, па во смесата и пржете ги парчињата во врел зејтин. Пржете по 8 минути, додека да добијат убава златно жолта боја од двете страни. Повремено превртувајте ги парчињата риба во зејтинот за да се испржат рамномерно. Ставајте ги чинија и додека се врели посипете сол.
Филетирање риба:
Земете свежа риба (со извадена и исчистена внатрешност) и земете многу остар нож. Засечете по страната на грбот, надолжно. Фатете ја опашката и со ножот засекувајте по должина на рибата и кожата. Така, ќе добиете две филети свежа риба.
За компирите:
Компирите излупете ги и исечете ги како за помфрит ама покрупно. Бланширајте ги во зовриена вода со малку сол околу 5 минути. Исцедете ги и оставете ги 30 минути. Во тавче, ставете зејтин да се загрее. Ставете ги компирите да се пржат. Пржете ги до фаза пред да фатат боја, па извадете ги. Оставете ги во фрижидер 1 час. По 1 час, вратете ги испржете ги пак овојпат до крај. Ќе забележете дека ќе добијат преубава златна боја и ќе бидат крцкави.
Сервирајте (најдобро во стар весник, за да биде автентично) ги рибата и компирчињата со парчиња лимон и тартар сос или мајонез.
Забелешки:
Најдобро е ако имате свежа риба и тоа филетирана. На тој начин месото на рибата ќе се двои и ќе остане сочно;
Ако не сакате да ставите пиво во смесата за пржење, ставете еднаква количина кисела вода;
Двојно пржење на компирчињата прави тие да бидат многу, многу крцкави ама ако немате време за тоа, испржете ги како вообичаено.
Fish & Chips се состои од:
Наименување |
Намирници за подготовка на Fish & Chips
|
Количина |
2 порции
|